Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Трампа од која се „тресе“ Европа, Елмас денес потпишува

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Трампа од која се „тресе“ Европа, Елмас денес потпишува

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер пазарот – сите трансфер информации на едно место!

-Главна вест на денот е секако спектакуларната трампа помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ според која Нејмар може да заврши на „Сантиаго Бернабеу“ (ОВДЕ).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


-Интер е во преговори со Рома за Един Џеко, но „нероаѕурите“ покажуваат интерес уште за Коларов (ОВДЕ).

-ГОТОВО: Италијанските медиуми тврдат дека Елиф Елмас денес ќе го комплетира трансферот во Наполи (ОВДЕ).

-Тотенхем се насочува кон бекот на Наполи и албански репрезентативец, Елсејд Хисај.

-Манчестер Јунајтед и Лестер се блиску до договор за трансфер на Хари Мекгваер на „Олд Трафорд“ за 80 милиони фунти.

-Милан утре ќе има средба со директорите на Атлетико Мадрид за да го финализира договорот за Анхел Кореа. Аргентинецот веќе има договор со „росонерите“ и ќе се пресели на „Сан Сиро“ за 40 милиони евра.

-БОМБА: „Мундо Депортиво“ ги открива деталите од понудата на Реал Мадрид за Нејмар (ОВДЕ).

-Милан тргнува во ѕвездата на Расинг и аргентински репрезентативец Матијас Зарачо (ОВДЕ).

-Монако откако го договори трансферот на Андре Силва, сега ќе се насочи кон Жоао Марио од Интер.

-Арсенал понуди 25 милиони фунти (со вклучени бонуси) за Киран Тиерни, но Селтик не е задоволен од понудата.

-Падна договор: Играчот за врска на Вест Хем, Педро Обијанг се сели во Сасуоло за 8 милиони евра.

-Милан и Јувентус започнале преговори за трансфер на турскиот дефанзивец Мерих Демирал (ОВДЕ).

-Откако му пропадна трансферот во Бенфика, голманот на Јувентус Матија Перин би можел да заврши во Монако.

-Англиските медиуми пренесуваат дека ѕвездата на Фулам, Рајан Сесињон е на чекор од трансфер во Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …