Дома Топ вести Трансфери во живо: Перез спрема светски рекорд, Санчез и Михтаријан на прегледи, Стариџ замена за Џеко

Трансфери во живо: Перез спрема светски рекорд, Санчез и Михтаријан на прегледи, Стариџ замена за Џеко

И во текот на зимскиот преоден рок нашата редакција правовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер новости. БИДЕТЕ СО СПОРТСКИ И БИДЕТЕ ВО ТЕК

-Англиските медиуми пренесуваат дека Самир Насри би можел да се врати во Премиер лигата. Неговиот агент започнал преговори со Вест Хем.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


-Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез спрема голема реконструкција следното лето и е спремен да го сруши светскиот трансфер рекорд.

-Рома се вклучи во траката по Даниел Стариџ. „Волчицата“ сака да го донесе напаѓачот на Ливерпул како замена за Един Џеко кој би можел да се пресели во Челзи.

-Денес би требало да биде комплетирана големата размена помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал. Санчез пристигна на преглеси во Манчестер, а Михтаријан е на прегледи во Лондон.

Жоао Марио ги одби сите понуди и ќе остане во Интер. Неколку клубови се интересираа за неговиот потпис меѓу кои, Севиља, Евертон и Вест Хем, но Португалецот кажа НЕ.

-Ватфорд денес одлучи да го отпушти тренерот Марко Силва после серијата на лоши резултати. Ова одлука е „чудна“ бидејќи пред само еден месец Евертон им нудеше 15 милиони фунти како обештетување за тренерот.

-Челзи и Рома и понатаму се во преговори за трансфер на Емерсон Палмери и Един Џеко. „Сините“ понудија 50 милиони евра, но „волчицата“ бара 10 милиони евра повеќе.

-Играчот за врска Жоржињо постигна договор за продолжување на соработката со Наполи до 2022 година, а според новиот договор ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

Рафиња денес би требало да пристигне во Милано на медицински прегледи, а утре и официјално да стане нов фудбалер на Интер.

-Денес светските медиуми пренесоа шокантна информација. Имено, УЕФА спрема промена на правилата на трансфер пазарот со цел да ги спречи трошењето на „луди“ пари за трансфери.

– „Скај Спорт“ пренесува дека Челзи е заинтересиран за напаѓачот на Барнли, Ешли Барнс.

– Арсенал постигна комплетен договор со Обамејанг за 3,5 годишна соработка, а напаѓачот ќе добива 170.000 фунти неделно. Меѓутоа, недостасува договор помеѓу двата клуба.

Алексис Санчез на својот Инстаграм профил објави видео како со приватен авион слетува во Манчестер на медицински прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…