Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар и ПСЖ – се е исто, Кутињо најавува заминување, Гризман и прави проблем на Барса

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар и ПСЖ – се е исто, Кутињо најавува заминување, Гризман и прави проблем на Барса

Се што се случува на трансфер пазарот на едно место – бидете во тек со се што е поврзано на трансфер пазарот!

Кутињо ги отпиша своите деца од школата од Барселона и ова ова веројатно нов доказ дека Бразилецот сака да замине. (ОВДЕ)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– ПСЖ прородлжува да покажува дека Нејмар не е пожелен во тимот. (ОВДЕ)

– Денес стигна потврда дека Ла Лига ќе го истражува трансферот на Гризман во Барселона. Атлетико бара Барса да и плати уште 80 милиони евра (ОВДЕ)

Марсело испрати отворена порака до Реал да тргне по Нејмар! (ОВДЕ)

– Постигнат договор: Винстент Јансен се сели во Тотенхем! Лекарските прегледи се закажани за во понеделник.

– Многумина можеби веќе го заборавија Ренато Санчез, но Нико Ковач порача дека тој ќе остане дел од Баерн. Санчез сакаше да замине или да биде позајемен во потрага по минутажа, меѓутоа хрватскиот стратег има други планови.

– Вчера се појави вест дека Барселона го сака Давид Алаба (тука) како алтерантива за Жорди Алба. Денес каталонските медиуми пренесуваат дека во игра се Филип Макс од Аугусбург и Жером Русион од Волфсбург.

– Ветеранот Марио Гомез добил понуда од турски Трабзон. Турците на Гомез му нудат плата од два милиони евра, но тој бара два повеќе.

– Италијанските медиуми најавуваат состанок на Лацио за Сергеј Милинковиќ Савиќ. Најавите се дека Лотито ќе го пушти да замине за сума помеѓу 80 и 90 милиони евра.

– Новиот сопствник на Фиорентина Роко Комисо се обидува да го убеди Киеза да остане но му оди тешко. Киеза имал состанок со Комисо на кој му потврдил дека сака трансфер. Засега Јувентус е најсериозен кандидат за неговото доведување. „Старата дама“ нуди околу 60 милиони евра.

– Јувентус ја одреди цената за Моис Кин (ОВДЕ)

– Ливерпул му спрема договор на Салах со кој ќе го направи најплатен во историјата на Премиер лигата! (ОВДЕ)

– Спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал: Потребни ни се шест офанзивни играчи, а со Гризман имаме шест. Тука се Меси, Суарез, Кутињо, Дембеле и Малком.

Сари за Погба: Навистина ми се допаѓа, но тој е играч на Манчестер Јунајтед.

Зидан се огласи за статусот на Бејл! (ОВДЕ)

– Шпанскиот медиум „Естадио Депортиво“ најавува дека ако Манчестер Јунајтед ја плати клазулата за Лукаку би можел да тргне по Бен Једер кој има откупна клазула од 40 милиони евра.

– „Л’Eкип“ објави дека трансферот на Идрис Гаја во ПСЖ е блиску до реализација! Евертон од оваа зделка би требало да заработи 30 милиони евра.

Карлос Винисус вчера направи трансфер од Наполи во Сити за 17 милиони евра. Бенфика денес објави дека неговата откупна клазула ќе изнесува 100 милиони евра.

– Eден од најголемите таленти во Бундес Лигата, Каи Хаверц од Леверкузен ја одбил понудата од Баерн Минхен. Хаверц во минатата сезона иако игра во средината постигна 17 голови.

16:17…

СЛЕДУВААТ НОВИ ИНФОРМАЦИИ БИДЕТЕ ВО ТЕК!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Завршува уште една ера: Со Клоп од Ливерпул заминува и фудбалерот кој пристигна во 2016 година

Јирген Клоп ќе замине на крајот од сезоната од Ливерпул, тоа е веќе потврдено, меѓутоа со …