Дома Трансфер зона Потврдено: Ла Лига ќе отвори истрага за трансферот на Гризман

Потврдено: Ла Лига ќе отвори истрага за трансферот на Гризман

Францускиот напаѓач Антоан Гризман пристигна во Барселона како големо засилување од Атлетико Мадрид.

Гризман веќе седум дена тренира со новиот тим во кој стигна за 120 милиони евра од Атлетико. Меѓутоа како што стојат работите постои реална можност Барса да треба да плати уште 80 милиони евра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако беше активирана откупната клазула за францускиот напаѓач од 120 милиони евра во Барселона потврдија дека Гризман е нивни играч, а Атлетико издаде изненадувачко соопштение.

Имено, тие порачаа дека Барселона и Гризман веќе неколку месеци имаат договор и дека клубот е должен за него да плати 200 милиони бидејќи кога се договориле клазулата изнесувала толку.

Атлетико се жалеше кај раководството во Ла Лига, а шпанските медиуми објавија дека жалбата е прифатена и дека ќе биде отворена истрага. Органите задолжени за тоа ќе се обидат да утврдат дали Барса направила некакви малверзации при трансферот, односно дали договорот со Гризман бил постигнат пред 1-ви јули.

Ќе потсетиме, на 1-ви јули откупната клазула беше спуштена на 120 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува ѕвездата од Бундеслигата

Фудбалерот на Штутгарт, Серу Гираси е на мета на многу клубови ширум Европа. 27-годишниот …