Дома Фудбал ПСЖ продолжува да покажува дека Нејмар не е пожелен во тимот

ПСЖ продолжува да покажува дека Нејмар не е пожелен во тимот

Бразилскиот фудбалер Нејамр се појави на почетокот неделата на припремите на ПСЖ после седум дена задоцнување.

Нејмар беше казнет со скоро 400.000 евра бидејќи не се појави на припремите како и неговите соиграчи. Дека ситуацијата не е баш добра покажа и изјавата на спортскиотдиректор Леонардо кој призна дека Нејмар сака да се врати во Барселона.

Бразилецот овие денови тренираше со ПСЖ и изгледаше дека би можел да игра во денешниот пријателски натпревар против Нирмберг, но тоа нема да се случи.

ПСЖ го објави списокот на играчи кои ќе конкурираат за денешниот натпрвеар, а на него не се најде Нејмар. Француските медиуми пренесуваат дека ова е уште еден доказ дека Нејмар повеќе не сака да игра за овој клуб.

Но, враќањето во Барселона е комплицирано и вака Нејмар би можел да си направи само проблеми бидејќи сигурно ќе биде на удар на навивачите кога ќе го облече дресот на клубот од Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Петмина Италијанци на тенок мраз: Жолт картон против Франција носи пауза

Донарума, Бастони, Фаџоли, Вергара и Скамака мора да внимаваат против Франција – нов жолт …