Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и ПСЖ започнале преговори за интересна трампа, која треба да се комплетира до крајот на јануарскиот преоден рок.
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо се обидува да го донесе во Париз својот сонародник Лукас Пакета. Бразилецот во јануари беше донесен во Милан за 35 милиони евра и уште на првите натпревари за Росонерите покажа дека има квалитет и дека ќе биде голем играч.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, оваа сезона не се вклопува во формацијата на Пиоли, па често ја грее клупата за резерви и самиот сака да ја промени средината.
Милан за неговата слобода бара 30 милиони евра, а ПСЖ на „росонерите“ им нуди трампа. Италијанскиот клуб на радарот има двајца фудбалер, Јулијан Дрекслер и Леандро Паредес.
ПСЖ е спремен за таква трампа, па двата клуба започнаа преговори за да ги договорат деталите.
?Se il #PSG si rifarà sotto per #Paqueta il #Milan è pronto a chiedere tre giocatori
— calciomercato.it (@calciomercatoit) January 26, 2020
?#CMITmercato
https://t.co/SUH0byEjQF