Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Балотели мисли и на својот брат, Интер не го дава Икарди на Јувентус, Барса и Нејмар…

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Балотели мисли и на својот брат, Интер не го дава Икарди на Јувентус, Барса и Нејмар…

И денес следиме се што се случува на трансфер пазарот ширум Европа!

„Мундо Депортиво“ открива каква понуда испратила Барселона за Нејмар – замена: Кутњо – Нејмар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Балотели од Фламенго побарал и неговиот брат да биде вклучен во договорот.

Се работи на трансферот на Манџукиќ во Баерн!

Официјално: Николо Заниоло го продолжи договорот со Рома!

Италијанските медиуми пишуваат дека трансферот на Дејан Ловрен во Рома дефинитивно пропадна. Рома и понатаму ќе бара стопер, а сега се споменува Домагој Вида.

Пол Погба и понатаму се надева дека Манчестер Јунајтед може да го пушти, пишуваат англиските медиуми. Сепак, тоа е многу малку веројатно.

Договорено: Ирвинг Лозано во Наполи за 42 милион и евра! Трансферот на мексиканскиот репрезентативец наскоро би требало да биде потврден.

Тајмон Бакајоко е вишок во Челзи, засега најзаинтересиран за него е Монако.

Во последниот ден од преодниот рок во Англија трансферот на Маркус Рохо во Евертон пропадна, а сега овој играч се поврзува со Фенербахче.

Изненадување: Иако на големо се најавуваше дека Радамел Фалкао ќе го напушти Монако сега медиумите пишуваат дека Колумбиецот започнал преговори со клубот од Кнежеството за нов договор.

Интер за Икарди со анти Јувентус клазула!

Островските медиуми пренесуваат дека Виктор Линделоф преговара со Манчестер Јунајтед за нов договор.

Еве зошто Јунајтед не го доведе Бруно Фернандеш.

Aтлетико заска засилување и од Наполи!

Рома се уште е во потрага и по напаѓач. Имиња кои сега најмногу се споменуваат се Игуаин, Икарди, Диаз…

Барселона сака Кутињо да го вклучи во трансферот на Нејмар и тоа е јасно, но доколку тоа не се случи во последната недела од преодниот рок Бразилецот може да заврши во Баерн.

Откако Николо Заниоло го продолжи договорот, пред потпис на нова соработка со „волчицата“ е и Ченгиз Ундер.

Oфицијално: Ченгиз Ундер го продолжи договорот со Рома.

И повторно Рома денес околу „волчицата“ има навистина повеќе вест. Римскиот клуб наводно го сака и Давиде Запакоста од Челзи.

Стефан Ефенберг им порачува на луѓето во Баерн: Оставете го Кутињо, Манџукиќ ќе ве врати на врвот.

Валенсија, Атлетико и Милан прават триаголник вреден 145 милиони евра!

Рибери пред трансфер во Серија А!

Иако преговараше за нов договор Фалкао изгледа сепак е многу поблиску до трансфер во Галатасарај.

Ништо од трансферот на Ругани во Рома?! Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека трансферот е завршена работа, но сега наводно Рома се насочила кон други опции. Јувентус има понуда и од Монако, меѓутоа Ругани не е расположен за преселба во Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…