Дома Трансфер зона Валенсија, Милан и Атлетико прават „триаголник“ вреден 145 милиони евра!

Валенсија, Милан и Атлетико прават „триаголник“ вреден 145 милиони евра!

До крајот на преодниот рок можеме да видиме размена на играчи помеѓу два шпански клуб и еден италијански во вредност од 130 милиони евра.

Симеоне има намера до крајот на преодниот рок да го доведе Родриго Морено од Валенсија кој според она што се пишуваше во шпанските медиуми е пред трансфер, а тоа може да влијае и на Милан.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трансферот на Родриго во Атлетико значи и практично значи и дека Анхел Кореа кој долго време се поврзува со Милан ќе заврши на „Сан Сиро“.

Аргентинецот во редовите на Милан би преминал за сума помеѓу 50 и 60 милиони евра.

И Валенсија нема да остане со „празни раце“ кон „Местаља“ би требало да тргне Андре Силва кој би била замената за Родриго.

Значи Родриго во Мадрид за 60 милиони евра, Кореа во Милано (се најавува за 55 милиони евра) и Силва во Валенсија за 30 милиони евра. Кога се ќе собере вака изгледа дека најмногу овој „триаголник“ и одговара на Валенсија која ќе добие 30 милиони евра, плус напашач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…