Долгогодишниот претседател на лондонскиот клуб почина во 82-та година од животот.
Навивачите на Арсенал со тага ја дочекаа веста дека животот го загубил легендарниот претседател, Питер Хил-Вуд.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Питер во Арсенал дојде во 1962, а во 1982 година стана претседател и таа функција ја извршуваше повеќе од 30 години. Од функцијата си замина во 2013 години и фактички скоро целиот свој живот им го посвети на „топџиите“.
Овој човек беше најзаслужен за создавањето на еден од најсилните тимови во историјата на Премиер лигата кој беше предводен од Арсен Венгер. Питер Французинот за тренер го постави во 1996 година.
Венгер потоа со помош на Питер и неговата политика создаде моќна екипа предводена од Анри, Виера, Бергкамп, Пирес, Кембел…
Во текот на неговото владеење Арсенал освои пет титули (1989, 1991, 1998, 2002 и 2004), пет ФА купови, два Лига купа, Куп на победниците на куповите и четири трофеи во Комјунити Шилд.
Тој исто така беше главен човек во преселбата од „Хајбери“ и слободно може да се каже дека го удри темелот на модерниот Арсенал.