Под неразјаснети околности почина човекот кој беше најголема поддршка на „Супер Марио“ во Англија.
Мајов Огунбајо е човек кој беше најдобар пријател на Балотели додека тој настапуваше во Англија, а во оваа земја беше познат како „Џони Џон“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Џони Џон“ бил пронајден мртов во својот дом, а девојката со која живеел била уапсена, но набрзо и пуштена бидејќи полицијата не поседувала докази дека таа учествувала во убиството.
Оваа трагична вест сигурно ќе влијае на Италијанецот кој во Англија поминуваше голем дел од времето со „Џони Џон“, а останаа во контакт и кога тој замина.
Овој Нигериец работеше како хотел менаџер, подоцна основаше и своја промотерска агенција, а никогаш нема проблеми со законот.