Дома Фудбал Тој не е како останатите: За Нејмар одморот почна една недела пред другите!

Тој не е како останатите: За Нејмар одморот почна една недела пред другите!

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар повеќе нема да игра за ПСЖ до крајот на 2018 година, пренесува „Екип“.

Бразилецот веќе започна да се насладува на одморот и ќе го пропушти мечот со Нант во француското првенство на 22-ри декември.

Тренерот на „светците“ Томас Тухел му дозволил на Нејмар да го започне одморот една недела пред останатите фудбалери, откако Бразилецот се пожалил на мускулна болка.

ПСЖ е лидер во француското првенство и отсуството на Нејмар нема да биде голем проблем. Фудбалерите после мечот со Нант ќе имаат одмор и со тренинзи ќе продолжат на 2-ри јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исејни избра 21 фудбалер: Македонија во Трабзон ќе брка место во Лига А

Македонската селекција до 17 години ги почнува квалификациите на 11 ноември против Унгариј…