Англискиот напаѓач на Хари Кејн моментално е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и многу европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.
Фантастичниот 24-годишен напаѓач и понатаму настапува за Тотенхем, иако долго време се шпекулира дека може да ја промени средината. Реал Мадрид силно се поврзува со Хари Кејн, но изгледа дека тој трансфер нема да се реализира.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според зборовите на претседателот на Реал, Флорентино Перез нема смисла сека да се испраќа понуда за Кејн, со оглед на фактот што „кралевите“ немаат намера да ја платат сумата која ја бара Тотенхем – 250 милиони евра.
„Хари Кејн е одличен фудбалер, а притоа и млад. Меѓутоа, неговото доведување моментално не ми ни е приоритет, дури и не размислувам за тоа. Нема да испраќаме понуда бидејќи во неформален разговор го прашал претседателот на Тотенхем за цената, а тој ми порача дека таа изнесува 250 милиони евра“, изјави Перез.
„Задоволни сме со тоа што Карим Бензема го прави за нашиот клуб во последните години. Неодамна го продолжи договорот и среќни сме што имаме таков напаѓач“, додаде Перез.
Хари Кејн оваа сезона има постигнато 13 гола на 12 натпревари за Тотенхем, а во календарска 2017 година има неверојатна статистика – 45 гола на 40 натпревари.