Дома Фудбал Тотенхем ја најде замената за Конте, доаѓа нов Италијанец

Тотенхем ја најде замената за Конте, доаѓа нов Италијанец

Тотенхем неодамна се раздели со Антонио Конте и официјално ја започна потрагата по нов тренер.

Веќе е познат и фаворитот за негов наследник, а тоа е 43-годишниот италијански стратег, Роберто де Зерби.

Италијанецот е хит во Премиер лигата и прави „чуда“ со Брајтон, каде го наследни Грем Потер.

Де Зерби претходно беше тренер на Шахтјор, а својата афирмација ја доживеа на клупата на Сасуоло.

Покрај Тотенхем интерес за него покажува и Челзи, но „спарси“ имаат предност поради одличните односи на Де Зерби со спортскиот директор Паратичи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По историскиот пробив, Брера го носи Хофенхајм на тест во Струмица

Младинците на Брера денеска од 14 часот го пречекуваат Хофенхајм во второто квалификациско…