Како што пренесуваат англиските медиуми Тотенхем наскоро би можел да заврши одлична работа.
Маурисио Покетино одлично го предводи тимот на Тонтенхем, Аргентинецот состави одлична екипа и знаеше да го препознае талентот во некои од играчите кои не беа во план кај претходните тренери, а тука секако најмногу се истакнуваат Хари Кејн и Деле Али, кои веројатно во овој момент се најдобрите фудбалери на „петлите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И двајцата се стандардни во репрезентацијата на Англија, Деле Али се смета за еден од најталентираните фубалери во светот, додека Кејн дефинитивно прераснува во еден од најдобрите светски напаѓачи.
Кога во прашање е Али не е тајна дека за неговите услуги интерес покажуваше Реал Мадрид, но Тотенхем на сите начини ќе се обиде да го задржи во своите редови.
„Патлите“ сакаат што побрзо да потпишат нов договор со овој фудбалер бидејќи во овој момент тој нема агент, а познато е дека има понуди од двата најголеми фудбалски агенти, Мино Раиола и Жорж Мендеш.
Тотенхем сака Али да потпише договор пред тој да ангажира човек кој ќе се грижи за неговата кариера, па така му спремија договор со понуда од 80.000 евра неделно, но и дополнување од една година на актуелниот договор кој во овој момент има важност од шест години.
Јасно е дека Али во некој друг клуб би можел да заработува многу повеќе и ниту еден агент не би советувал да потпише ваков договор, но во Тотенхем се надеваат дека тој ќе ја прифати понудата.