Тотенхем сака да го задржи Антонио Конте на кормилото и спрема понуда со која ќе го направи Италијанецот еден од најплатените тренери во светот.
Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем му доставил понуда тешка 20 милиони евра по сезона, но Конте одолговлекува со потписот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Конте постојано ги одложува преговорите околу новиот договор со Тотенхем, а тоа е знак дека сака да го напушти клубот, пишува „Дејли Мејл“.
„Тоа е типичен пример за однесувањето на Конте, но тоа не значи дека тој нема да даде се од себе за Тотенхем до следното лето кога ќе му истече договорот. Конте сака да биде во големи клубови и ако не ги најде во странство, ќе се врати дома во Италија каде Јувентус го чека со раширени раце“, пишува „Дејли Мејл“.
Конте го препороди Тотенхем откако пристигна на кормилото на тимот, па „Спарси“ ќе направат се за да го убедат да потпише нов договор.