Дома Трансфер зона Тотенхем спреми богата понуда за ѕвездата на Лион

Тотенхем спреми богата понуда за ѕвездата на Лион

Тотенхем е силно заинтересиран за ѕвездата на Лион и холандски репрезентативец, Мемфис Депај, пренесуваат англиските медиуми.

„Спарси“ имаат одлични односи со Лион и се спремни да испратат понуда од 50 милиони фунти за Холанѓанецот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


25-годишнииот Депај имаше неуспешен период во Премиер лигата кога од 2015 до 2017 го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, но во Лион ја „оживеа“ својата кариера.

Холанѓанецот игра во одлична форма, па го привлече вниманието на голем број европски гиганти. Меѓутоа, Тотенхем е најконкретен и сака да го донесе Депај во своите редови уште во зимскиот преоден рок.

Тотенхем сака да ги искористи добрите односи со Лион, но и фактот дека играчот сака да се врати во Премиер лигата, па ќе испрати понуда од 50 милиони фунти за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…