Дома Топ вести Тотенхем спрема трансфер „бомба“ од 55 милиони евра

Тотенхем спрема трансфер „бомба“ од 55 милиони евра

Тотенхем е силно заинтересиран за ѕвездата на Порто, Луис Дијаз, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Колумбискиот репрезентативец игра одлично во Порто и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Тотенхем сака да ја победи конкуренцијата.

Дијаз е голема желба на Антонио Конте и го сака веднаш во својот тим, а „спарси“ испратиле понуда од 45 милиони евра плус 10 милиони во вид на бонуси.

Сега се чека одговор на Порто, кој не сака да се раздели со својата ѕвезда на средина од сезоната.

Меѓутоа, понудата на Тотенхем е приближна на сумата која клубот ја бара за Дијаз, па може да ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…