Tимот на Тотенхем не сака лесно да се откаже од својот капитен и најдобар фудбалер Хари Кејн.
Баерн Минхен притиска, но веќе две понуди од страна на Тотенхем се одбиени, па шансите Кејн да се пресели во Германија стануваа се помали. Двата клуба не се ниту блиску до договорт, затоа што Тотенхем за Кејн бара најмалку 100 милиони евра, додека последната понуда на Баерн гласеше 80 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во меѓувреме Кејн би требало да се врати од одморот и да се приклучи на екипата предводена од новиот тренер, Анге Постекоглу кој се уште не го запознал. Тотенхем сака да го убеди да потпише нов договор и според последните информации за таа цел му нудат плата од 400.000 фунти неделно, што е нешто повеќе од 19 милиони фунти на годишно ниво.
Така Кејн би станал трет најплатен фудбалер во Премиер лигата, веднаш зад Ерлинг Халанд и Кевин Де Брујн кои во Манчестер Сити имаат плата од 20.8 милиони фунти.
Но, засега се истакнува дека Кејн и понатаму ќе притиска за договор помеѓу Тотенхем и Баерн, иако како што споменавме двете страни не се ниту блиску до договор.