Дома Трансфер зона Тотенхем и Интер спремаат спектакуларна трампа

Тотенхем и Интер спремаат спектакуларна трампа

Во јануарскиот преоден рок долго време траеа преговорите помеѓу Арсенал и Интер за трансфер на Перишиќ, но сега Хрватот би можел да заврши во голмиот ривал на „топџиите“.

Перишиќ побара трансфер од раководството на Интер, па јасно е дека ја игра последната сезона на „Џузепе Меаца“. Како што пренесуваат италијанските медиуми сега Тотенхем е во пол-позиција за неговиот потпис.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Маурисио Покетино силно го посакува Хрватот во своите редови, а наводно веќе Тотенхем ги направил и првите контакти со неговиот менаџер.

Перишиќ сака преселба во Премиер лигата, а „спарси“ се во предност бидејќи Интер е заинтересиран за неколку нивни фудбалери, пред се Сисоко и Ламела.

Италијанскитем медиумите пренесуваат дека на лето може да дојде и до размена на играчи помеѓу двата клуба, така што Перишиќ ќе заврши во Лондон, а Интер ќе го добие Сисоко и пари.

Овој трансфер би бил и своевидна одмазда на Перишиќ кон челниците на Арсенал, на чие инсистирање тој зимава поднесе официјално барање за трансфер до Интер, но „топчиите“ потоа не испратија адекватна понуда и трансферот не се реализираше.

Перишиќ пристигна во Интер во 2015 година од Волфсбург за 19 милиони евра, а неговата моментална цена на пазарот изнесува околу 40 милиони евра.

Потсетуваме, „нероаѕурите“ минатото лето одбија понуда од 50 милиони евра од страна на Манчестер Јунајтед кој силно го посакуваше Перишиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…