Дома Трансфер зона Тотенхем и Барселона го сакаат дефанзивецот на Интер

Тотенхем и Барселона го сакаат дефанзивецот на Интер

Тотенхем и Барселона покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Интер, Алсендро Бастони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатото лето Бастони беше голема желба на Антонио Конте, но Интер не сакаше да го продаде еден од најдобрите играчи во тимот.

Меѓутоа, сега ситуацијата е поинаква, бидејќи Бастони на лето влегува во последната година од договорот и двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Интер сака да избегне нов случај Скриниар, кој заминува како слободен агент, па доколку Бастони не стави потпис, „нероаѕурите“ сигирно ќе го продадат.

Бастони има само 23 години и во Тотенхем веруваат дека може да биде столб на одбраната долги години, па се спремни да понудат 50 милиони евра.

Барселона исто така покажува интерес, но Каталонците не се во можност да ја израмнат понудата на Спарси во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…