Тотенхем е силно заинтересиран за младиот играч на Барселона, Карлос Алења, во кого гледа идеален наследник на Кристиан Ериксен.
Како што е веќе познато Ериксен одби да го продолжи договорот со „спарси“ и ја игра последната сезона во Тотенхем, па раководството веќе почна да му бара замена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
21-годишниот играч за врска има само 45 одиграни минути оваа сезона и тоа во првото коло од Примера. Тоа го убеди Покетино дека има голема шанса да го донесе Алења во своите редови во јануари.
Фудбалерот исто така е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, бидејќи е јасно дека на „Камп Ноу“ тешко ќе се избори со конкуренцијата.
Неговиот договор со Барселона истекува во 2022 година и Каталонците немаат проблем да го пуштат, но ќе сакаат во договорот да има „бај-бек“ клаузула во следните две години.
Во спротивно Тотенхем ќе мора да ја плати откупната клаузула која изнесува 75 милиони евра.