Дома Фудбал Англија Тотенхем – Арсенал: Пет причини зошто ќе следиме брилијантно дерби за северен Лондон

Тотенхем – Арсенал: Пет причини зошто ќе следиме брилијантно дерби за северен Лондон

Новиот Арсенал гостува на Вембли кај Тотенхем во сабота. Само четири поени ги делат двата тима на табелата. Двата тима му дишат во врат на Челзи и победата за двете екипи ќе биде огромен поттик за понатаму. Имавме некои брилијантни дерби натпревари во северен Лондон во последниве години, но саботниот натпревар на Вембли може да ги надмине сите.

Ако тоа не е доволно за да ве возбуди, добро е да знаете дека ова би можело да биде последниот натпревар на Арсен Венгер против Спарс. И каков меч може да очекуваме кога двата клуба изгледаат силно во нападот, но ранливо во дефанзивата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еве пет причини зошто овој меч би можел да биде еден од највозбудливите дербија за северен Лондон во последните неколку години и зошто вреди да се одигра со Над 3.5 гола.

1. Озил и Михтаријан за ултра офанзивен Арсенал

Формацијата 4-2-3-1 на Тотенхем е еден од најконтроверзните тактички системи во Премиер лигата. Можеме да предвидиме со сигурност дека Покетино ќе игра со истата висока одбранбена линија која Ливерпул ја фати во небрано минатиот викенд. Мохамед Салах и Садио Мане лесно ја претрчуваа последната линија на Спарс. Средниот ред на Јирген Клоп успеа да ги префрли средните играчи на Тотенхем со високите топки.

Арсенал нема буквално да ја имитира оваа тактика (Венгер ќе биде побогат во својот пристап), но сепак неговиот тим има алатки за искористување на просторот кои ќе остане непокриен од Вертонген и Санчез. Озил и Михтаријан најверојатно ќе започнат во формација 4-3-3. И двајцата играчи ќе се обидат да ја протнат топката во празно и да го најдат Аубамејанг, слично како што делуваа Салах и Мане на Енфилд.

Со оглед на тоа дека Санчез беше несигурен во неделата, сигурно е дека Арсенал ќе има неколку можности за гол.

2. Ќе има дупки во дефанзивата на Арсенал

Играњето на Озил и Михтаријан заедно значи дека Арсенал нема да има доволно дефанзивни играчи за да го спречи Тотенхем да напаѓа. Трчањето и пресингот на Абамејанг ќе ги принуди Спарс да се повлечат, но тоа ќе им дозволи на домаќините да започнат контра-напад.

Тимот на Покетино ќе се стреми да ја пресече топката. Ќе го чува просторот а не играчите и ќе се обиде што повеќе да ги отвори противничките редови пред да тргне во напад. Ова би требало да функционира добро против постојано офанзивниот Монреал и Белерин кој е надвор од форма. Овие двајца нема да добијат поддршка од Озил или Михтаријан. Затоа тимот на Венгер веројатно ќе остави голем простор за Дејвис и Трипиер за да влезат на противничката половина. Затоа Хари Кејн кој постигна шест гола во шест натпревари против Арсенал, треба да добие многу шанси за гол.

Целосната анализа прочитајте ја на kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите слават, на повидок важен потпис во Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат …