Дома Фудбал Англија Тотален хаос во Англија: Ерик Дајер во пресметка со навивач на трибините

Тотален хаос во Англија: Ерик Дајер во пресметка со навивач на трибините

Тотенхем синоќа беше елиминиран од Норвич во ФА купот, а после натпреварот настана тотален хаос на трибините.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Фудбалерот на Спарси, Ерик Дајер се качи на трибините да се пресмета со еден од навивачите на домашниот тим, кој го провоцирал неговиот брат на трибините.

Менаџерот Жозе Мурињо после натпреварот откри зошто Дајер тргнал да се пресмета со навивачот.

„Ми кажа дека еден од навивачите жестоко го навредил. Ерик направи нешто што професиналец не смее да го направи, но во овој случај секој од нас би го направил тоа. Дали клубот ќе го казни? Не знам, но јас нема да се согласам со тоа.“ – изјави Мурињо.

Фудбалската асоцијација на Англија со сигурност ќе покрене постапка против Дајер после овие сцени и може да биде жестоко казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сонот на Нејмар живее: Се најде на поширокиот список на Анчелоти!

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе се најде на прелиминарната листа на бразилската реп…