Играчот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос преку Твитер се прости од сега веќе поранешниот тренер на Реал Мадрид, Јулиен Лопетеги.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После 139 дена и серијата лоши резултати, Лопетеги беше приморан да го напушти „Сантијаго Бернабеу“, а ситуацијата кулминираше со високиот пораз во „Ел Класико“, кое Барселона го доби со 5:1.
Жалење поради заминувањето на Лопетеги изрази Тони Крос преку својот Твитер профил.
„Најголем пораз за играчите е кога тренерот мора да си замине. Посебно во овој случај кога се работи за одличен тренер и уште подобар човек. Ти благодарам, Јулиен“, напиша Крос на друштвената мрежа.
Ќе потсетиме Лопетеги го превзема Реал Мадрид на почетокот на јули откако Зинедин Зидан го напушти клубот.