Дома Фудбал Англија Тонали: Се надевам дека еден ден ќе се вратам во Милан

Тонали: Се надевам дека еден ден ќе се вратам во Милан

Италијанскиот играч за врска, Сандро Тонали е првото засилување за Милан во тековната сезона, а „росонерите“ за него добија оштета од 70 милиони евра.

Во разговор за италијанскиот „Скај“, Тонали нагласи колку тешко му паднало заминувањето од Милан.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тонали на „Сент Џејмс Парк“ ќе заработува околу седум милиони евра годишно со дополнителни бонуси.

„Моите први впечатоци со претставниците на Њукасл се позитивни. Тие ме сакаа по секоја цена. Имав убави впечатоци пред да отпатувам. Кога во прашање е одлуката да го напуштам Милан, тоа беше мојот најтежок избор во професионалната кариера. Меѓутоа, морав да ја донесам таа одлука сега. Милан ме дочека како свој син и ќе им бидам благодарен за тоа до крајот на животот, никогаш нема да ги заборавам. Ги сакам своите соиграчи, тоа се златни луѓе и секогаш ќе навивам за нив“.

„Паоло Малдини е многу важна фигура за мене. Ми помогна многу, посебно при првата година. Сега патиштата ни се разделија, но јас сум и понатаму благодарен. Се надевам дека еден ден ќе се вратам во Милан и ќе ги дочекам навивачите со насмевки на лицата“, изјави Тонали.

Њукасл во изминатата сезона заврши на четвртата позиција во Премиер лигата со 67 освоени бодови, четири повеќе од Ливерпул кој остана без настап во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …