Австралискиот тенисер Бернард Томиќ беше елиминран во првото квалификациско коло за настап на Грен слем турнирот во Мелбурн.
Мечот ќе остане запаметен по фактот дека Томиќ среде натпревар му се обрати на судијата со зборовите дека чувствува дека е позитивен на Ковид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Два дена по мечот кој Томиќ го загуби, денес и официјално австралискиот тенисер е позитивен на корона-вирусот, што значи дека играл заразен во квалификациите на Австралија Опен.
„Се уште се чувствувам прилично лошо. Се чувствувам полошо психички отколку физички затоа што навистина бев мотивиран да се вратам и да и покажам на австралиската јавност дека можам да бидам оној стариот“, изјави Томиќ.