Според мексинскиот „ЕСПН“, Диего Марадона наскоро би можел да започне со тренерска работа во оваа земја.
Клубот Дорадос де Синола е во потрага по нов менаџер, а легендарниот Аргентинец е прв кандидат и веројатно токму тој ќе превземе должноста менаџер во овој клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Аргентинецот го освои Мундијалот во Мексико 1986, а сега доколку најавите се покажат како точни ќе биде прв пат да работи во оваа земја. Најавите се дека постојат некои мали формалности кои не влијаат на конечната одлука.
За да биде тренер Марадона ќе мора да го раскине договорот со Динамо Брест каде што веќе беше претставен како претседател на белорускиот клуб.
Марадона после завршувањето на играчката кариера како менаџер предводеше неколку клубови, а од 2008 до 2010 година беше селектор на репрезентацијата на Аргентина.