Легендарниот голман Џанлуиџи Будон веројатно ќе го напушти Пари Сен Жермен после само една сезона.
Иако Пари Сен Жермен има опција да го продолжи договорот на 41 годишниот голман на уште една сезоната, тоа веројато нема да се случи, а Буфон како што стојат работите ќе ја заврши кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа нема легендарниот Џиџи долго време да биде надвор од фудбалот.
Торински Јувентус каде што ја помина скоро цела своја кариера му понудил на Буфон директорска позиција и сега е на него да одлучи дали ќе се врати во таборот на „старата дама“.
Многумина веруваат дека Буфон би сакал уште еднаш да се обиде да ја освои Лигата на шампионите. Меѓутоа, наводно во ПСЖ немаат намера да ја продолжат соработката и веќе бараат нов голман. Агентот на Буфон Силвано Мартина во наредните денови ќе води преговори со шампионот на Франција.
Но, како што се пишувао длуката е веќе донесена. Буфон по се изгледа ќе го напушти Париз после само една година, а вратите во Торино му се секогаш отворени и таму го чека директорска позиција.
Се ќе биде познато и потврдено веројатно многу брзо. Буфон е пред голема одлука за завршување на богатата кариера во која освои се освен Лигата на шампионите.