Дома Фудбал Италија Тоа се чекаше: Проштална порака до Маурицио Сарио, Наполи има нов тренер!

Тоа се чекаше: Проштална порака до Маурицио Сарио, Наполи има нов тренер!

Она што се најавуваше во текот на денот сега е и официјализирано.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што веќе најавивме денес се очекуваше и официјална потврда и истата стигна – Маурицио Сари заминува од Неапол!

Потврдата стигна околу шест часот кога се огласи првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, а неговата порака експресно ја пренесоа бројни медиуми во Италија.

„Му се заблагодарувам на Маруицио Сари поради неговата драгоцена посветеност на Неапол и поради тоа што на нашиот град овозможи безброј емоции, креирајќи фудбал на кој предизвикува восхит секаде во светот. Браво Маурицио!“, порача Де Лаурентис на Твитер.

Следниот потег на првиот човек на Наполи е поставување на Карло Анчелоти за прв човек на стручниот штаб на клубот од Неапол. Официјалната потврда се очекува во секој момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постигнат договор: Рамос за 450 милиони евра станува сопственик на Севиља

Серхио Рамос и неговиот инвестициски фонд Five Eleven Capital постигнаа договор за купувањ…