Салзбург нема што да прави, на Австријците рацете им се врзани и за најголемиот талент во овој момент во европскиот фудбал, Ерлинг Хланд нема да добијат повеќе од 30 милиони евра.
За најголемите клубови, а само такви се интересираат за Халанд таа сума не е проблем. Последната вест гласи дека Јувентус е најблиску до Халанд, меѓутоа работата нема да оди лесно бидејќи преговарач на Халанд е контроверзниот и добро познат Мино Раиола.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тутоспорт“ на денешната насловна објави дека Раиола сака од Јувентус да извлече плата за Халанд во износ од осум милиони евра по сезона. Тоа е навистина огромна сума за еден 19 годишник. Иако Халанд постигна 28 голови на 22 натпревар сепак уште е само тинејџер.
Од друга страна Раиола знае дека во денешни услови на трансфер пазарот 30 милиони за Халанд се „ништо“, па и затоа си зема за право да бара големи примања.
Во овој момент најплатен кај Јувентус е Кристиано Роналдо со 31 милиони евра, додека следен е Матијас Де Лихт со осум милиони евра, плус четири ако се достигнат одредени бонуси. И Де Лихт е млад, меѓутоа тој дојде од еден гигант каков што е Ајакс кој имаше неверојатна сезона во Лигата на шампионите, додека Халанд игра за Салзбург и зад себе има само шест натпревари во најелитното европско натпреварување.
Гонзало Игуаин, Паоло Дибала, Арон Рамзи, Пјаниќ, Бонучи, Киелини…Сите би биле под Халанд!