Во ПСЖ не бираат средства кога станува збор за напаѓање на Лигата на шампионите.
Како што „Л’Екип“ ПСЖ понудил 20 милиони евра за трансфер на Арон Рамзи. Договорот на Рамзи истекува на крајот од сезоната, па сигурно дека ако навистина постои ваква понуда Арсенал без многу размислување би ја прифатил.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во ПСЖ сметаат дека Рамзи може да биде одлична замена за Рабио кој поради одбивањето да го продолжи договорот нема да игра до крајот на сезоната, а потоа ќе го напушти клубот.
Кога во прашање се условите на фудбалерот, Рамзи би можел да добие договор на 18 месеци со почеток од јануари.
Претходно интерес за Рамзи покажауваа Јувентус и Баерн. Неодамна италијанските медиуми дури тврдеа дека „старата дама“ постигнала договор.
https://www.youtube.com/watch?v=37bTpDjeLnk&t=1s