Mилан викендов освои важни бодови во битката за место помеѓу најдобрите четири победувајќи го Лече со 2:0. Сепак, по победата навивачите повторно добија лоша вест за Златан Ибрахимовиќ.
Напаѓачот на „росонерите“ почувствувал болка на загревањето пред вчерашниот натпревар, па иако требало да биде во конкуренција веднаш се упатил во соблекувалната и сега го чека нова пауза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите на италијанските медиуми, Ибра поткривнувал во подтрибинскиот простор на патот до соблекувалната. Засега Милан не се огласил за неговата состојба. Сепак, дека имало некаква повреда потврди Пиоли на прес-конференцијата по натпреварот.
„Почувствувал болка и го прекинал загревањето. Имав план да му дадам минутажа, но самиот ми кажа дека нема да може да настапи“, изјави Пиоли по натпреварот.
Ибрахимовиќ сезонава има многу проблеми со повреди и поради тоа забележа само четири настапи за Милан и на големо се поставува прашањето дали физички е спремен да продолжи да игра фудбал и по оваа сезона.
Ќе потсетиме, поради ваквите проблеми Ибрахимовиќ не е пријавен ниту за настап во Лигата на шампионите каде што Милан ќе игра полуфинале против Интер.