Дома Фудбал Останато Тешки обвинувања од Славија Прага: УЕФА ова би требало да го види

Тешки обвинувања од Славија Прага: УЕФА ова би требало да го види

Славија Прага вчера се пласираше во четвртфиналето од Лигата на Европа, после 1:1 во првиот натпревар, Славија славеше со 2:0 и така Чесите се пласираа помеѓу најдобрите осум во второто по ранг натпреварување во Европа.

После овој натпревар не се зборуваше многу за фудбалот. После натпреварот тренерот на Ренџерс, Стивен Џерард тврдеше дека неговиот играч Камара бил расистички навредуван. Од Славија ги отфрлија тие обвинувања и наведоа дека Камара го нападнал нивниот играч Кудела после натпреварот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чесите возвратија со тешки обвинувања. На нивниот официјален проифил тие објавија видео од шест минути на кое може да се види како организаторите не им дозволуваат на половина час пред натпреварот да дојдат до соблекувалната, а тврдат дека во тунелот некои нивни играчи биле нападнати. Исто така се наведува дека полицијата задржала неколку фудбалери на Славија, а потоа ги испратила до хотелот за да нема поголема инцидент.

Покрај видеото стои опис: УЕФА ова би требало да го види.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…