Дома Фудбал Англија Тестови во Јунајтед: Лингард и Џејмс импресионирале, Фернандеш ги шокирал луѓето во клубот

Тестови во Јунајтед: Лингард и Џејмс импресионирале, Фернандеш ги шокирал луѓето во клубот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш, Даниел Џејмс и Џесин Лингард во текот на првите тестирања покажаа дека изолацијата поради коронавирусот не влијаеа негативно на нив, токму напротив.

Фернандеш кој веќе ги импресионираше навивачите на Манчестер Јунајтед во текот на јануари и февруари на тестот за брзина покажал подобар резултат во однос на оној пред коронавирусот. Португалецот трчал со брзина од 34.27 километри на час и така ги шокирал тренерите и стручниот штаб на клубот од „Олд Трафорд“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џејмс инаку достигнал најголема брзина, трчал со 36.8, додека зад него беа Аксел Тузанзебе и Џеси Лингард.

Кога во прашање е интезитетот, Лингард бил на врвот пред Хари Мегваер и Скот Мектоминеј.

Играчите на Јунајтед очигледно останале во форма и ги следеле упатствата кои го добивале од клубот за начинот на исхрана и тренирањето.

Јунајтед на табелата се наоѓа на 5. позиција и пред прекинот беа во добра форма, на последните четири натпревари запишаа три победи. Последната беше онаа против Манчестер Сити од 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пресврт: Модриќ става потпис на нов договор

Иако се очекуваше ова да биде последната сезона на Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид, с…