Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Чест е да се биде тренер на Манчестер Јунајтед

Тен Хаг: Чест е да се биде тренер на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед денес официјално потврди дека Ерик тен Хаг ќе биде нов немаџер од следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


51-годишниот Холанѓанец доаѓа од Ајакс и потпише договор со „црвените ѓаволи“ до 2025 година, со опција за продолжување на уште една година.

„Многу сум возбуден. Голема чест е да се биде тренер на Манчестер Јунајтед. Ја познавам историјата на овој голем клуб и страста на навивачите. Способен сум да изградам тим кој ќе има успеси какви заслужува ваков клуб“, изјави Холанѓанецот.

Тен Хаг ќе треба да започне нова ера со „црвените ѓаволи“ после разочарувачката сезона и негова задача е во следните години да ги врати на врвот на англискиот и европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бивша ѕвезда на Реал преживеа голема драма: Катастрофата беше избегната „за влакно“

Хамес Родригез доживеа големо непријатно искуство при патување кон Милано. Според шпанскио…