Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг потврди дека клубот ќе биде активен на зимскиот трансфер пазар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Примарна цел секако ќе биде да се засили нападот и да се донесе замена за Кристиано Роналдо.
„Да, ќе бараме замена, но само ако го најдеме вистинскиот играч. Ќе го дадеме нашиот максимум и ќе направиме анализа дали има можност да се донесе вистински напаѓач. Не можам да коментирам за одредени играчи и никогаш не сум го правел тоа. Тие имаат договри со своите клубови, така што ќе работиме тивко. Ја истражуваме секоја можност и бидете сигурни дека бараме засилувања“, изјави Тен Хаг.
Медиумите пренесуваат дека главна трансфер цел на „црвените ѓаволи“ ќе биде холандскиот репрезентативец Коди Гакпо.