Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг е заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг.
Холанѓанецот сака да ја засили десната страна од одбраната и во јануари е спремен да испрати понуда за 21-годишниот Фримпонг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фримпонг пристигна во Леверкузен во јануари од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година.
Интересно е што играчот е продукт на школата на Манчестер Сити, но не успеа да се наметне кај „граѓаните“, па беше продаден во 2019 година.
Тој во Леверкузен игра одлично и има 12 асистенции на 60 меча, па Тен Хаг смета дека одлично ќе се вклопи во неговиот тим.