Американецот Ксавиер Темс и кошаркарскиот шампион на Македонија МЗТ Скопје Аеродром спогодбено ја раскинаа соработката.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Темс имаше уште една година од договорот кој го потпиша минатата сезона, но желбата на Американецот била да го напушти тимот.
Откако Управата на МЗТ не успеа да го убеди Темс да остане во Скопје, Американецот ја уплати цената на обесштетувањето на сметката на клубот и стана слободен играч.
Темс кариерата ќе ја продолжи во Израел во екипата на Бнеи Херцлиа.