Антонио Конте денес и официјално беше промовиран во нов менаџер на Тотенхем, а раководството е спремно да му ги исполни сите желби на трансфер пазарот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем ќе му даде на располагање 200 милиони фунти за засилување на тимот, кои главно ќе бидат потрошени по завршување на сезоната.
Италијанските медиуми откриваат дека главна трансфер цел на Конте ќе бидат три ѕвезди од Серија А, Душан Влаховиќ, Стефан де Врај и Марсело Брозовиќ.
Влаховиќ е на излезна врата од Фиорентина и неговиот трансфер би требало да изнесува околу 70 милиони евра.
Стефан де Врај, кој под водство на Конте се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А е спремен да го следи Италијанецот во Тотенхем.
Што се однесува до Брозовиќ неговиот договор со Интер истекува на крајот на сезоната, а „Спарси“се спремни да му понудат богат договор.