Дома Фудбал Тежок удар за Франција: За Мундијалот остана без дефанзивецот на ПСЖ!

Тежок удар за Франција: За Мундијалот остана без дефанзивецот на ПСЖ!

Централниот дефанзивец на ПСЖ, Преснел Кимпебе нема да може да и помогне на Франција на Светското првенство во Катар од 20. ноември до 18. декември.

Веста ја потврди Кимпембе преку својот Инстаграм профил објавувајќи дека не успеал да се опорави од повредата на тетивата и нема да може да игра во Катар. Тој одигра 15 минути во победата над Оксер од 5:0 изминатиот викенд, претходно го пропушти дуелот со Лориен една недела претходно поради истиот проблем.

Селекторот Дешам веќе потврди дека на негово место ќе го земе Аксел Дисаси од Монако кој со евентуален настап на Мундијалот би дебитирал за Дранција. Во минатото 24-годишниот Дисаси настапувал за младинските категории, но се уште нема настап за сениорската селекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…