Дома Фудбал Останато Тевез по враќањето во Бока: Не ми остана уште многу фудбал, сакам на СП

Тевез по враќањето во Бока: Не ми остана уште многу фудбал, сакам на СП

Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевез го комплетираше својот трансфер во Бока Јуниорс со која изрази желба да ја освои Копа Либертадорес, но и призна дека размислува за Мундијалот во Русија.

„Сакам во наредните две години да уживаме во Бока. Сакам да ја освојам Копа Либертадорес. Ќе дадам се од себе да го оствариме сонот и Бока да стигне до седмата титула во Копа Либертадорес“, изјави Тевез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тевез се врати во Бока со која потпиша договор на две години. Тој така го облече дресот на Бока и трет пат во кариерата. Претходно во кариерата за овој клуб настапуваше на два пати од 2001 до 2004 и од 2015 до 2016 година.

За селекцијата на Аргентина не настапил од октомври 2015, а сега се надева дека би можел да се избори за повик за Мундијалот во Русија.

„Не ми останаа уште многу години во фудбалот, кога би добил шанса да добијам повик за Светското првенство на овие години би било навистина нешто убаво“, изјави Тевез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…