Дома Фудбал Останато Тевез за периодот во Кина: Навистина не знам што правев таму

Тевез за периодот во Кина: Навистина не знам што правев таму

Аргентинецот искрен, но можеби и премногу…

Карлос Тевез се врати во својата Бока после само една година.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тој од минатиот до овој јануар беше најплатен фудбалер на светот со 650.000 евра неделно.

Сепак, според неговата изјава во Кина бил на одмор.

„Беше навистина убаво, бев на одмор седум месеци“, изјави Тевез и продолжи.

„Само што пристигнав во Кина, посакав да се вратам во Бока. Тука фудбалот е поинаков. Навивачите многу подобро се однесуваат кон вас. Во Кина уживав, но не во фудбалот. Немам проблем со тоа што ме критикуваа претседателот и тренерот на Шангај. Не знам воопшто што јас правев таму“, изјави Тевез.

Да потсетиме, Тевез сега потпиша договор со Бока во важност од две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гундоган го критикуваше трагичарот на Барса, а тој му одговори: Подобро да не кажувам што мислам

Барселона беше иелиминирана од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа …