Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас зборуваше за можното враќање на Меси во Барселона и порача дека тоа би било комплицирано, но не ги одзема шансите на Каталонците.
Барселона се уште не успеала во целост да излезе од финансиската криза и тоа е процес кој подолго трае.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И покрај тоа се шпекулира дека Меси ќе се врати во Барселона, сепак Тебас објаснува дека Каталонците ќе мораат да средат некои работи пред да го доведат Аргентинецот.
„Ако ме прашувате во овој момент, тоа е комплицирано. Барселона има време, меѓутоа нема да биде лесно. Мора Барселона да продаде фудбалери и да намали плати за да го регистрира Меси.
Не знаеме во овој момент и колкава би била неговата плата. Барса не е ПСЖ, за да остане во границите на фер-плеј и да регистрира нови играчи мора да намалува плати“, објасни првиот човек на Ла Лига.
И од Барселона не кријат дека работат на враќање на Меси, навивачите се оптимисти, меѓутоа ќе видиме како сето тоа ќе се заврши во летниот преоден рок.