Иако од Атлетико тврдат дека нема да дозволат Барса да им го купи Антоан Гризман, сепак тие ништо не се прашуваат бидејќи Каталонците се спремни да ја платат клазулата од 100 милиони евра.
Дека „јорганџиите“ навистина размислуваат за живот после Гризман покажува и веста која денес во јавноста ја пласираа шпанските медиуми.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Атлетико Мадрид е спремен да ја плати клазулата од 40 милиони евра за напаѓачот на Еспањол Герар Морено.
Морено има 26 години и боите на Еспањол ги брани од 2015 години и во неговиот договор има клазула од 40 милиони евра.
Овој напаѓач во досегашниот дел од сезоната одигра 36 натпревари и постигна 15 погодоци.