Taјсон Фјури ќе се бори на 22 февруари против Дентоај Вајлдер за ВБЦ шампионскиот појас.
Одличниот британски боксер по втор пат ќе има прилика да го совлада американскиот ноакутер и така да се врати во светскиот боксерски врв.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Фјури во претходните неколку години имаше сериозни проблеми, а во еден момент неговата килажа изнесуваше скоро 200 килограми.
Меѓутоа Фјури се врати во голем стил. После неколку победи дојде до мечот со Вајлдер кој го одработи одлично, но поран ноншалантноста во последната рунда мечот заврши нерешено.
Пред новата борба Фјури објави фотографијата од деновите кога очигледно не се грижел за својата форма.
„Кога некој ќе ви каже дека нешто не можете да направите погледнете го ова и запаметете дека се е можно. Ова сум јас со скоро 200 килограми“, напиша Фјури.