По скоро 20 години, Мајк Тајсон ќе влезе во рингот за бокс меч и тоа во меч против Џејк Пол кој е закажан за 20-ти јули на стадионот на Далас Каубојс.
Засега нема информации дали мечот ќе се смета за официјален или ревијален, но без разлика истиот привлече голем интерес од јавноста.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред медиумите за борбата сега зборуваше и Тајсон кој потенцираше дека во подготовките влегува максимално сериозно.
„Не сметам дека Пол е побрз. Тренирам и работам секој ден, сериозно го сфатив овој дуел. Станувам порано, трчам, во 13 часот одам во теретана, а потоа работам на тренинг за сила. Пол со текот на времето многу напредна и сега е сериозен боксер.
Во минатото го гледав како 16-годишник како танцува на јутјуб, меѓутоа тоа не е човекот со кого ќе се борам. Сигурен сум дека ќе се обиде да ме повреди, но навикнат сум на тоа“, истакна Тајсон.