Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ гостуваше во емисија на „Спорт Клуб“ и во таа прилика зборуваше за кариерата на својот син со посебен акцент во еден момент на ривалството со Роџер Федерер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој не штедеше критики за Роџер и искрено кажа што мисли за него. Таткото на Ѓоковиќ смета дека Федерер уште игра тенис само поради Надал и неговиот син. Според него Швајцарецот од поодамна требало да биде во пензија.
„Дедерер и понатаму е најдобар и најуспешен тенисер во светот. Тоа е факт по резултатите, но нема да остане така уште долго. Што мислите зошто Роџер игра и на 40 години? Замислите тој човек од 40 години уште игра тенис кога може да оди дома и да се занимава со некои други работи. Но, бидејќи Новак и Надал му дишат во врат едноставно не може да прифати дека ќе бидат подобри од него. Оди човеку чувај деца, скијај, прави нешто…Тенисот не е цел живот, тоа е само нешто моментално“, изјави Срѓан.