Дома Останати Тенис Таткото на сензацијата од УС Опен: Ѓоковиќ го исмејуваше син ми, штета е шампионот да се однесува така

Таткото на сензацијата од УС Опен: Ѓоковиќ го исмејуваше син ми, штета е шампионот да се однесува така

Пред да го победи Даниил Медведев во финалето на УС Опен, Новак Ѓоковиќ мина во полуфиналето без загубен сет.

Неговиот противник беше Бен Шелтон, сензацијата на овогодинешното издание на турнирот. Српскиот тенисер ја прослави победата копирајќи го славјето на својот ривал, а тоа предизвика бројни реакции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пласманот во финалето Ѓоковиќ го прослави со „спуштање на телефонот“. Тоа е заштитен знак на Шелтон, а чудесната серија во Њујорк ја одбележа токму со таква прослава.

По мечот, новинарите го прашаа Ѓоковиќ зошто така ја прослави победата, а тој одговори: “Што се однесува до радоста, му ја украдов радоста на Бен! Ми се допаѓа таа прослава и само ја украдов!”

Таткото на Шелтон, Брајан, тврди дека не се работело само за „крадење“ на прославата, туку дека најуспешниот тенисер на сите времиња сакал да го исмева неговиот син.

“Новак посакува да биде сакан од сите… Сакаше да се потсмева на Бен по мечот, не го направи тоа само за да ја копира неговата прослава. Тоа беше за да го исмева. Срамота е шампион како него да се однесува така .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Пред 17 години на денешен ден Федерер и Надал го одиграа најчудниот меч досега

На денешен ден, 2007 година, Рафаел Надал и Роџер Федерер го одиграа веројатно најчудниот …