Дома Трансфер зона Таткото на Агуеро: Син ми чекаше знак од Сити до последен момент, солзите на Пеп беа лажни

Таткото на Агуеро: Син ми чекаше знак од Сити до последен момент, солзите на Пеп беа лажни

Серхио Агуро го напушти Манчестер Сити и се пресели во редовите на Барселона.

После 10 години Агуеро се реши да си замине од „Етихад“, а на крај покрај бројните понуди ја избра Барселона. Во редовите на Каталонците Агуеро стигна како слободен фудбалер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола пушти солзи кога зборуваше за Агуеро во последниот натпревар, но за Леонел дел Кастиљо тие солзи биле лажни.

„До последен момент син ми чекаше знак од Гвардиола за да го продолжи договорот. Тој знак на крајот не го доби па беше приморан да си замине. Среќен е што ќе игра во Барселона, во игра беа Арсенал и Челзи. Сепак, сакаше нов предизвик. Исто така се радува што ќе игра заедно со Меси, двајцата се знаат од 15-тата година“.

„Во солзите на Пеп не верувам, мислам дека тој никогаш не го сакаше. Пеп е човек кој сака да командува и да биде во центарот на вниманието. Вели дека бил незаменлив, а не го користеше во екипата“, изјаави Кастиљо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…