Дома Македонски спорт Мак ракомет Талески потпиша за Вардар, а сега пее: Металург е шампион!? (ВИДЕО)

Талески потпиша за Вардар, а сега пее: Металург е шампион!? (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија Филип Талески како што е познато ќе игра во дресот на Вардар наредната сезона, а уште пред да го облече успеа да ги налути навивачите на црвено-црните.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое Талески заедно со уште неколкумина колеги од националниот тим на цел глас ја пее песната на ривалот на Вардар, Металург. Талески е во друштво на Мартин Томовски, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски.

По ова видео следуваа жестоки реакции на „Комитите“, иако постои можност видеото да е направено пред Талески да потпише за Вардар.

Сепак од фан страната објаснуваат дека според нив видеото сигурно е направено во текот на вчерашниот ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…